Skip to main content

Бесплатна проекција на филмот „Плати и жени“ во „Синеплекс“

Бесплатна проекција на филмот „Плати и жени“ на Атанас Георгиев ќе се одржи вечерва во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Проекцијата е во рамките на програмата „Македонски филм. На големо платно“. Филмот ја раскажува приказната за Марко и Атанас, не кои им е потребен европски пасош и подготвени се да направат речиси сè за да дојдат до него – вклучително и да „купат“ сопруга.

Со 7.000 евра тие тргнуваат во потрага по жената од своите соништа – онаа што ќе ги одведе до олтарот, а потоа ќе остане доволно долго за разводот. Одисеја низ имигрантското подземје на Виена, оваа зелена карта во живо е урнебесен и трогателен увид во она што е потребно за да се прескокнат бариерите на тврдината Европа.

Режијата е на Атанас Георгиев, а сценариото на Марјан Алчевски. Продуценти се Сали Џо Фајфер, Атанас Георгиев, Синиша Јуричиќ и Ралф Визер. Продукциски компании: Fernsehfonds Austria, Mischief Films Austria, Nukleus Croatia, Trice Films, Österreichischer Rundfunk. Монтажата е на Владимир Гојун, директор на фотографија е Димо Попов, дизајн на звук: Нилс Кирхоф, Атанас Чолаков, а музиката е на „Фолтин“.

Поврзани вести