Skip to main content
eJKVN009P-k

Лиле Стефанова или Љупчо Коцевски, кој лаже: Еве доказ дека обвинителката постапувала по предметот „Поштенска банка“, оспорен од тимот за надзор чиј член била и таа

Дали Лиле Стефанова, обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ЈОГОКК), го искомпромитирала вонредниот надзор врз работата во скопското Вишо јавно обвинителство, што го извршил тимот назначен од државниот јавен обвинител Љуочо Коцевски, пишува Плусинфо.мк.

Во интервјуто за емисијата 360 степени на МТВ, емитувана на 13 јануари, на прашањето на водителот Васко Попетревски за приговорот на обвинителот Хајрулахи за составот на тимот којшто го вршел надзорот и во кој, според Хајрулахи, не смееле да бидат обвинителите Елвин Вели и Лиле Стефанова, бидејќи правеле надзор над предмети по кои тие самите постапувале, Коцевски вели дека тоа не било така:

Не е вршен надзор на предмети кои што тие ги работеле. Тоа можам одговорно да го тврдам. И самите јавни обвиниотели ги прашав и самите потврдија дека не е вршен надзор над тие предмети – вели државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Тоа е овој дел од интервјуто:

Еден од предметите кој бил ставен под лупа на надзорот, според пишувањето на Фокус, но и според признанието на самиот Хајрулахи, е предметот „Поштенска банка“, отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство и „тежок“ 8 милиони евра, кој се води под бројот 8 КОК-124/21.

Дали е вистина тврдењето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски дека обвинителката Лиле Стефанова не постапувала во овој предмет?

Тоа може да се види и од овој записник од едно од поновите судски рочишта на предметот „Поштенска банка“, од 11 април 2022 година:

Извор: Плусинфо.мк

Поврзани вести