Skip to main content

ЕУ ги повика политичките партии на мирно гласање во Косово

Фото: Freepik

Канцеларијата на Европската Унија во Косово денеска ги повика сите политички субјекти и нивните претставници во изборните тела да обезбедат мирен, слободен, фер и инклузивен процес на гласање, пред утрешните предвремени парламентарни избори.

„Гласањето мора да биде мирно, слободно, фер и инклузивно“, се наведува во поканата на ЕУ и се нагласува дека се неопходни институционална консолидација и европска интеграција на Косово.



Во заедничко соопштение за медиумите, косовската полиција и Канцеларијата на главниот обвинител на Косово ја истакнаа својата посветеност на заштитата на уставниот поредок, законитоста и интегритетот на изборниот процес во Косово.

Поврзани вести