Skip to main content

Општина Струмица ги тампонира и одржува полските патишта во село Куклиш

Фото: Општина Струмица

Општина Струмица продолжува со уредување на руралната патна инфраструктура. Денеска, градежна механизација беше ангажирана на тампонирање и одржување на полските патишта во населеното место Куклиш, со што директно се олеснува пристапот до земјоделските површини за локалните земјоделци, соопштија од локалната самоуправа.

Се наведува дека во рамките на овие активности екипите на терен извршиле порамнување и тампонирање на клучни земјоделски делници кои се од  значење за непречено одвивање на земјоделските работи.

-Овие инфраструктурни зафати се реализираат како конкретни посочувања на земјоделците и програмата за работа, а градоначалникот Петар Јанков оствари и директни средби и разговори со жителите на Куклиш, дискутирајќи за нивните потреби и начините на кои локалната самоуправа може дополнително да им ја олесни секојдневната работа и транспорт на земјоделските производи, стои во соопштението.

Се додава дека подобрувањето на полските патишта претставува директна поддршка за земјоделството како една од најважните стопански гранки во регионот, а активностите за тампонирање ќе продолжат и во наредниот период.