Skip to main content

Контраверзната Албанка се омажи со трубачи: Сред Сицилија направи фешта, мештаните бесни

Пејачката Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер официјално го започнаа раскошното свадбено славје во Палермо, кое според наводите ќе ги чини речиси два милиони долари.

Двојката организираше коктел за добредојде во историската палата Palazzo Valguarnera Gangi, каде што угостија бројни познати личности. Невестата заблеска во бел фустан со реси и отворен грб, додека младоженецот се одлучи за елегантен беж костум.

Младенците наводно платиле повеќе од 11.000 долари за властите целосно да ја затворат галеријата Галерија Модерна за нивниот приватен прием. Славјето било многу бурно, но не поминало без трубачи.

Жителите на Палермо поделени. Едни се горди што албанската пејачка го одбрала нивниот град за венчавка, а други се револтирани заради затварањето улици и специјалниот режим на движење.

Поврзани вести