Skip to main content

Португалија и Австрија се меѓу земјите избрани за непостојани членки на СБ на ОН за 2027 и 2028 година

Генералното собрание на ОН ги избра Зимбабве, Тринидад и Тобаго, Португалија и Австрија за непостојани членки на 15-члениот Совет за безбедност на ОН со двегодишен мандат кој почнува на 1 јануари 2027 година.

Ќе се одржи и втор круг од гласањето за да се утврди дали Филипините или Киргистан ќе го заземат петтото слободно место.

На денешната седница беа избрани нови непостојани членки на Советот за безбедност за периодот 2027/2028 година. Советот е составен од вкупно петнаесет членки – десет непостојани и пет постојани. Десетте држави се избираат за период од две години, а пет држави се постојани учесници во Советот (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција).

Поврзани вести