Skip to main content

4 чекори како да јадеме благо без да се дебелееме, советува ендокринолог

Претерувањето со јадење на слатки е непожелно за секого, без оглед на здравствените или проблемите со тежината, но, тоа не значи дека треба целосно да ги исфрлите од вашата исхрана.

Според нутриционистката и ендокринолог Албина Комисарова, ако мудро ги вклучите десертите во вашата исхрана, тие ќе ви дадат енергија без да ве оптоваруваат.

  1. Не јадете само благо за појадок. Наутро ви е потребна добра доза на хранливи материи и енергија за да го издржите денот. Слатките имаат мала хранлива вредност и се богати со калории. Резултатот: повторно ќе бидете гладни за кратко време.
  2. Јадете благо по оброците. На овој начин, ќе јадете помала порција бидејќи веќе сте сити, но сепак ќе уживате во искуството. Ако јадете десерт, главниот оброк нека биде помал. Генерално не е важно кога јадете благо, туку колку вкупно калории сте внеле во текот на денот.
  3. Опуштете се и јадете благо ако сте активни. Тие се добар, брз извор на енергија и доколку сте активни ќе ја согорите.
  4. Она што дефинитивно не треба – е да јадете слатки кога сте под стрес. Ненадејниот скок на нивото на шеќер е проследен со подеднакво брз пад, по што анксиозноста и нерасположението се враќаат.

Поврзани вести