Skip to main content

Цената на билетите ќе оди угоре? Керозин за авио компаниите нема, но нема ни каде да го складираат

СДСМ неодамна ја критикуваше власта дека неколку авио компании ги откажаа летовите до Скопје и оти тоа било резултат на лошите политики со субенционираните компании. Луфт ханза ги откажа летовите од Скопје до Франкфурт а пред неколку дена и Кроација ерлајнс најави дека ќе ги редуцира летовите до Македонија и во уште неколку земји од регионот.

Која е причината?

Главната причина со која се соочуваат авио компаниите е недостаток од керозин поради војната во Иран и блокадата на Ормутскиот теснец. По овој премин минува речиси целиот транспорт на горивото за авионите, кое сега се одвива со многу тешкотии. Голем проблем за авио компаниите е чувањето и складирањето на керозинот која мора да биде под специфични услови.

Зошто керозинот не може долго да се чува

Главниот проблем е хемиската деградација.

Оксидација- керозинот реагира со кислородот од воздухот и формира смоли и седимент што го запушува системот.

Микробиолошка контаминација– бактерии и габички растат во горивото, особено ако има вода во резервоарот.

Губиток на адитивите– антиоксидансите и другите хемикалии се распаѓаат со текот на времето.

Кондензација на вода- водата се акумулира и ја забрзува корозијата и бактерискиот раст.

Дека ситуацијата со керозинот е сериозна покажува и тоа што Русија вчера го запре целиот извоз.

Поврзани вести