
Филмот „Сестри“, дебитантското долгометражно филмско дело на Дина Дума, ќе биде прикажан вечерва во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Проекцијата е бесплатна и е дел од кампањата на Агенцијата за филм со фокус на македонскиот филм. Сценариото е на Дина Дума и Мартин Иванов. Улогите ги толкуваат: Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов, Верица Недеска. Филмот ја имаше премиерата во декември 2021 година.
„Најважно од сè е дали тоа што сте го гледале на платното делува уверливо или не. Кај „Сестри“ несомнено одговорот е едно големо: ДА!“
Во својата колумна, Игор Анѓелков го опишува „Сестри“ како едно од најкомплетните дебитантски македонски филмски остварувања во последните години – филм што искрено и храбро ги отвора темите за растењето, пријателството, вината, врсничкото насилство и предизвиците на една генерација.“ – пишува филмскиот критичар Игор Анѓелков.

Македонски


