Skip to main content

ДЗС: Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање, непроменети кај поштенските и курирските

МИА

Во првиот кваратл годинава во споредба со истиот период лани, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 6.5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 4.2 проценти во одделот Телекомуникации.
Извор: МИА

Поврзани вести