Skip to main content

Во Штип за една недела регистрирани 22 случаи на грип или слични на грип

Во Општина Штип пријавени се 22 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип, се вели во денешната писмена информација од Центарот за јавно здравје-Штип. Во информацијата се наведува дека во однос на возраста, 17 лица се на возраст од 15-64 години, четири заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години и едно лице кај деца на возраст од 5-14 години, додека не се регистирани заболени лица во возрасната група од 0-4 години.

Заклучно со втората недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се вкупно 40 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, се вели во соопштението од Центарот за јавно здравје-Штип.

Посочуваат и дека се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој сè уште е под неделната граница за сезонска активност.

Поврзани вести