Skip to main content

Стојаноски: Македонија е меѓу водечките европски економии по квартален раст, капиталните инвестиции и поддршката на стопанството даваат резултати

Центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ

Во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Владата продолжува со економска политика насочена кон силни капитални инвестиции и поддршка на градежниот сектор со цел зголемување на бруто-домашниот производ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.

Овие 260 милиони евра кои Република Македонија ќе ги повлече ќе бидат за финансирање на одредени капитални проекти коишто се финансираат од централниот буџет, тоа е важно да се нагласи, бидејќи ние кога ја презедовме власта кажавме дека нашата економска филозофија ќе почива на неколку столбови од кои едниот е силен буст на капитални инвестиции да преку градежништвото го покачиме брутодомашниот производ, нешто што се гледа дека е присутно“, рече Стојаноски.

Тој нагласи дека годинава државата има обврска да врати два запирка шест милијарди евра стари долгови, што претставува третина од буџетот, но и покрај тоа, како што рече, обезбедени се средства за повисоки плати, пензии и инфраструктурни проекти.

Оваа година имаме за враќање два запирка шест милијарди евра, тоа е третина од буџетот за стари долгови, но и покрај тоа успеваме да обезбедиме средства и за повисоки плати, и за повисоки пензии, и за реконструкции на инфраструктурни проекти, и за реализација на капитални проекти, нешто што сметам дека е навистина задоволително. Просечната пензија за две години во Република Македонија е покачена за 32%. Сите пензионери добиваа покачување од 7000 денари. Секој студент доби ваучер од 250 евра. Просечната нето исплата на плата, согласно Државниот завод за статистика, е зголемена за две години за 15,5%, односно 6500 денари. Понатаму, можеме да ги видиме, ете, колку е пораснат бројот на нововработените, 17.700 новокреирани работни места“, вели Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски истакна дека преку унгарскиот финансиски пакет, но и со средства од сопствениот буџет на Министерството за транспорт, се финансираат бројни проекти во општините. Како дел од инфраструктурните активности ги посочи подготовките за железничката пруга на Коридорот 10, како и изградбата на автопатот Прилеп-Битола, за кои оцени дека се реализираат со задоволително темпо.

„Покрај оние средства коишто се од унгарскиот финансиски пакет и се финансираат проекти во општините, Министерството за транспорт и од сопствениот буџет издвојува средства и финансира проекти во многу општини коишто решаваат многу секојдневни проблеми на граѓаните. Во многу сериозна подготвителна фаза сме и за отпочнување на железничката пруга во Коридорот 10, автопатот Прилеп – Битола исто така иде во задоволително темпо, што значи дека кога ќе ги соберете сите овие проекти, вие имате неколку милијарди евра инвестиции“, истакна Стојаноски и додаде:

„Нашата економска филозофија е многу едноставна. Прво е капитални инвестиции, второ е привлекување на странски директни инвестиции и трето, помош на македонското стопанство. Во овој момент тоа успева да ни обезбеди раст од 3,5% шест квартали по ред, нешто што не рангира на квартално ниво на третото или на петтото место во Европа“.

Поврзани вести