Skip to main content

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Фото: Фејсбук ГРК Охрид

Ракометарите на Охрид ја продолжија победничката низа и попладнево во првото финале од ЕХФ Европскиот куп го совладаа тимот на Татабања со 29:28.

Ракометарите на Охрид одлично го одиграа првото полувреме, пред сè во одбраната, а најзаслужен беше голманот Кристијан Пилиповиќ кој првите 30 минути ги заврши со 9 одбрани (имаше и исклучување од две минути). Охриѓани добриот почеток го резултираа со само три примени голови по 15 минути. Охрид во првиот дел имаше и предност од седум разлика (12:5), но Татабања постигна три голови и намали на (12:8). На полувреме Охрид имаше предност од пет разлика – 13:8.

Во вториот дел охриѓани имаа контрола над резултат и водеа со шест разлика 25:19, но домашниот тим, успеаја да намалат на и во самиот финиш да го имаат и првото водство од 28:27. Сепак Охрид до крајот постигна два гола за победа од 29:28.

Реванш дуелот се игра во недела во Охрид на 31.мај со почеток во 20 часот. 

Поврзани вести