Skip to main content

Победи за Брера и Пелистер во последното коло

Екипите на Брера АП и Пелистер остварија победи во денешните дуели од 33.коло (последно) и го потврдија баражот за останување во Првата лига.

Брера АП на домашен терен ја совлада екипата на Шкупи со 6:0, додека Пелистер во Битола ја совлада екипата на Башкими со 1:0.

На крајот од регуларниот дел Пелистер заврши со 40 бодови, колку што освои и Брера.

Сепак двете екипи за опстанок во ПФЛ ќе мора да играат бараж дуели. Пелистер за ривал ја има екипата на Шкендија Арачиново, додека Брера АП ќе игра против Скопје.

Лигата на напуштаат: Македонија ЃП, Работнички и Шкупи.

Утре се играат последните два дуела од 33.коло: Македонија ЃП – Силекс и Работнички – Тиквеш. 

Поврзани вести