Skip to main content

Познато кое друштво за брзи кредити е затворено, 40-тина филијали добиваат клуч на врата

Министерството за финансии соопшти дека одзело дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако вонреден надзор, спроведен по пријава од граѓанин, открил сериозни неправилности и непочитување на законските прописи.

Иако институцијата првично не го откри името на компанијата, според информациите на „Фактор“ станува збор за финансиското друштво за брзи кредити „Креди Јес“, зад кое стојат сопственици од Бугарија. Медиумот дознава дека фирмата ги затвора своите 40-тина филијали низ земјата, а околу 120 вработени добиле известување дека работењето е прекинато.