
Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – „насилство врз дете“ според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Македонија.
– Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди – расекотини и подливи – информираа од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува во судот и забрана да се приближува на оштетеното дете. б

Македонски



