
Припадници на српската жандармерија формираа кордон и се упатија кон демонстрантите пред зградата на парламентот во Белград, по што полицијата почна да ја потиснува толпата, пренесе Канал 5.
Sukobljavanje u centru Beograda nakon protesta na Slaviji pic.twitter.com/zfrMQyxDB9
— Mašina (@MasinaRS) May 23, 2026
За време на интервенцијата, неколку млади мажи беа соборени на земја, а демонстрантите фрлаа факели кон полицијата, додека одекнуваа петарди и истрели.
Полициските сили ги потиснуваат демонстрантите по улицата Таковска кон зградите на Поштата и РТС. Во исто време,
интервенцијата е во тек и на булеварот Краља Александра. Полициска бригада интервенираше на улицата Краља Милана во Белград откако беше нападната.
Počela je intervencija kod Pionirskog parka pic.twitter.com/bZ024HDydu
— Mašina (@MasinaRS) May 23, 2026
Ситуацијата беше мирна околу 20:15 часот, а полицијата, првично не постави кордон ниту на улицата Краља Милана во близина на Лондон, ниту на улицата Кнеза Милоша.
Сепак, група луѓе почнаа да фрлаат камења, стаклени шишиња и други предмети кон полицијата, по што полицијата постави кордон. Се слушнаа и неколку гласни детонации што личеа на топовски истрели. Сè се случи во близина на зградата на српското претседателство, спроти зградата на Народното собрание.

Македонски



