Skip to main content

12-годишник на електричен тротинет покоси петгодишно дете, тешко е повредено

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил петгодишникот, констатирани во Итната медицинска помош Пехчево. Увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Берово, соопшти денеска МВР.

Поврзани вести