Skip to main content

Загина тракторист

Вчера во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во с.Скудриње, на место викано „Мустана
нива“, бил пронајден починат М.С.(67) од истото село.

Според пријавеното, М.С. управувал трактор со приколка, при што изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди тој починал на местото, а лекар констатирал смрт.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопштија од СВР Тетово.

Поврзани вести