Skip to main content

Седуммесечно бебе во критична состојбоа откако татко му уби две и го застрела него и други три лица

Две лица загинаа, а четири други, вклучително и две мали деца, се повредени во пукање во јужна Шпанија, соопштија денеска локалните власти.

Инцидентот се случил во текот на ноќта во општината Ел Ехидо, во близина на Алмерија во јужниот регион Андалузија, пренесе ДПА.

Осомничениот сторител ѝ се предал на полицијата по неколку часа, јавуваат радиодифузерот RTVE и други медиуми, повикувајќи се на полициската единица Цивилна гарда (Guardia Civil). Портпаролот на Цивилната гарда ги потврди деталите за ДПА.

Истражителите веруваат дека мажот пукал во своите родители, кои починале на самото место.

Четворицата повредени се пренесени во болница. Состојбата на 7-месечно бебе, кое според Цивилната гарда е син на осомничениот, се смета за особено критична.

Повредено е и двегодишно девојче, додека една жена и еден постар маж се здобиле со тешки повреди.

Првите повици за итна помош биле примени околу 23:15 часот (21:15 GMT). Родителите на наводниот сторител биле пронајдени мртви во возило.

Се верува дека осомничениот има околу 25 години. Мотивите за нападот и сè уште се нејасни.

Поврзани вести