Skip to main content

Со пиштол се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за брзи кредити во Битола

Битолчанец со пиштол се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за брзи кредити, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола.

Против 36-годишниот битоилчанец полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола поради основано сомение за сторено кривично дело разбојништво во обид.

Според пријавата, како што иформираат од битолската полиција, настанот се случил на 30 април годинава околу 18 часот кога М.Ѓ. (36) се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за кредитириање на улицата „Столарска“ во Битола.

„Со закана со огнено оружје се обидел да го изврши делото, но не успеал и се дал во бегство“,се вели во полицискиот извештај.

Тој е лишен од слобода од страна на полициски службеници, а при претрес во неговиот дом е пронајден и одземен пиштол.

Поврзани вести