Skip to main content
xxCW2cJ4IFc

Д-р Штерјова Марковска: „ДА“ за органодарителство е чин на најголемо човекољубие

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин, соопшти Министерството за здравство.

Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние како тим сакаме да им се заблагодариме на сите семејства кои во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на своите најблиски и истовремено да упатиме апел и силна поддршка до семејствата кои, во моментите на најголема загуба, ќе одлучат да кажат да за органодарителството како чин на најголемо човекољубие“, истакна Марковска.

Поврзани вести