
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата претстојна одлука за понатамошната продажба на оружје на Тајван е ефикасно средство за притисок врз Пекинг, јавува ДПА.
Трамп изјави дека засега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух, иако тој е веќе одобрен од американскиот Конгрес, пренесе германската агенција.
Зависи од Кина. Искрено, тоа е многу добра преговарачка алатка за нас. Тоа е многу оружје“, изјави Трамп за радиодифузерот „Фокс Њуз“.
Трамп претходно, во авион на враќање од Пекинг за САД, изјави дека одлуката ќе ја донесе во блиска иднина. Тој, додаде, дека за ова прашање прво мора да разговара со Тајван.
Американскиот Конгрес однапред го одобри најновиот договор за оружје со Тајван во јануари 2025 година.
Кина ги отфрла таквите продажби на оружје затоа што Тајван го смета за свој неделив дел, иако оваа островска република има независна и демократска влада, појасни ДПА.

Македонски

