Skip to main content

Британскиот министер за здравство Стритинг поднесе оставка

Facebook / Wes Streeting

Британскиот министер за здравство Вес Стритинг поднесе оставка истакнувајќи оти ја изгубил довербата во лидерството на премиерот Кир Стармер.

Сега е јасно дека нема да ја водите Лабуристичката партија на следните општи избори и оти пратениците на Лабуристичката партија и синдикатите поврзани со неа сакаат дебата за она што треба да биде судир на идеи, а не личности или ситни внатрешни партиски борби. Оваа дебата треба да биде широка и треба да ги вклучи најсилните можни кандидати. Го поддржувам овој пристап и се надевам дека и вие ќе го поддржите“, наведе Стритинг во писмо објавено на социјалните мрежи.

Сомовој потег само се зголемува притисок врз Стармер да поднесе оставка од премиерската функција по катастрофалните резултати на Лабуристичката партија на изборите во Англија, Шкотска и Велс одржани минатата недела. 

Поврзани вести