Skip to main content

Педофилот наставник од Штип бил пријавен од девојче од 4-то одделение

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип во понеделникот во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички.

Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип.

Според информациите на штипската „ТВ Стар“, станува збор за пензиониран наставник по математика, а го пријавило девојче од 4-то одделение кое посетувало дополнителна настава во приватно училиште.

Со судска наредба извршени се претреси во неговиот дом и во образовниот центар и одземени се предмети за понатамошна постапка.А.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена, стои во соопштението од МВР.

Поврзани вести