
Петнаесетгодишниот ученик од основното училиште „22 ноември“ во Општина Гази Баба, кој завчера беше прободен со нож е хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба, пренесува „24 вести“, чии инфомации од Ургентниот центар велат дека на детето завчера му била направена операција бидејќи имало оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена во пределот на стомакот.
Инцидентот се случил во понеделникот околу пладне кога 15-годишник влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на врсник, ученик во училиштето.
Полициски службеници од СВР Скопје во 14.50 го лишија од слобода напаѓачот, постапувајќи по претходна пријава од општинското основно училиште. Од таму известија дека предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Градоначаликот на Општина Гази Баба рече дека со жалење и сериозна вознемиреност ја примил информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од деветто одделение.
Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување.
Лицето кое го извршило нападот е обезбедено од страна на Министерството за Внатрешни работи.
Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам најостра осуда на ваквиот чин. Насилството не може да се оправда со ништо.
Општина Гази Баба, останува во постојана координација со надлежните институции кои превземаат мерки за целосно расчистување на случајот, пишува Стефковски.

Македонски



