
Судскиот совет денеска спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје. Противкандидати се судијата Ивица Стефановски и Даниела Димовска, актуелна вршителка на должноста.
Интервјуата ги спроведува тричлена комисија од Судскиот совет, како дел од административната рамка.
Кандидатите денеска ги претставија своите програми пред комисијата во Судскиот совет, а претседателот на комисијата Ивица Николовски соопшти дека сумираните оценките ќе ги достават пред Судскиот совет, по што ќе следи јавно гласање за избор.
Огласот за претседател на Кривичен беше објавен пред 10 месеци.

Македонски



