
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол.
Како што соопштуваат од МВР, со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не поседувал дозвола.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.

Македонски



