Skip to main content

Најмалку две лица убиени, три ранети во пукање во Ница

Најмалку две лица се убиени, а три се ранети денеска во пукање во францускиот град Ница, објави Фигаро.

Пукањето се случило во западната населба Мулен, два дена по престрелката во истиот дел од градот во која немаше повредени.

Според извештаите, две лица отвориле оган на централниот плоштад на населбата од моторно возило во движење, по што возилото избегало од местото на настанот.

Градоначалникот на Ница, Ерик Сиоти, го осуди нападот.

МИА

Поврзани вести