Skip to main content

„Цурик“ дома:АФД им стави повратни билети на странците во поштенските сандачиња

Полицијата во Карлсруе, Германија, размислува за отворање истрага против локалниот огранок на партијата Алтернатива за Германија (АфД) поради нивната кампања за вметнување изборни летоци во облик на повратни авионски билети во поштенските сандачиња на странци, објавено е денеска.

-Полицијата истражува дали има основи за покренување истрага за кривично дело ширење омраза на национална основа, се вели во соопштението на полицијата во Карлсруе.

Пријавата е поднесена од локалниот огранок на парламентарната партија Левица врз основа на објава на социјалните мрежи на која се гледа спорниот леток. АфД ги отфрли обвинувањата и нагласи дека кампањата била насочена кон „сите гласачи“. Во летоците ее вклучен и т.н QR код кој води директно до веб-страницата на филијалата на АфД за Карлсруе.

Во анкетите на јавното мислење, АфД, околу шест недели пред предвремените парламентарни избори, е поддржана од околу 20 отсто од гласачите. 

Поврзани вести