Skip to main content

Да живее Барса: Меси ја честиташе победата

 Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, ја честиташе на Барселона шампионската титула во сезоната 2025/26.

„Шампиони! Да живее Барса! – напиша 38-годишниот фудбалер на социјалните мрежи.

Барселона синоќа во 35. коло со 2:0 го победи Реал Мадрид со 2:0 и по 29. пат стана шампион на Шпанија.

Меси играше за каталонскиот тим од 2003 до 2021 година. Со нив, тој ја освои титулата во шпанското првенство 10 пати, Купот на кралот седум пати, Суперкупот осум пати, Лигата на шампионите четири пати, Суперкупот на УЕФА три пати и Светското клупско првенство на ФИФА три пати

Поврзани вести