
Во Белгија утре ќе се одржи национален штрајк против владините мерки за ограничување на буџетските расходи.
Се очекува штрајкот да влијае врз градскиот превоз и аеродромите.
На бриселскиот аеродром Завентем ќе бидат суспендирани речиси половина летови, додека аеродромот Шарлроа ќе биде целосно затворен.
Штрајкот ќе го отежне и движењето на автобусите, метрото и трамваите во Брисел.
Утрешниот штрајк е деветти во изминатата 1,5 година. Во штрајкот одржан на 12 март учествуваа од 80.000 до 100.000 работници.(МИА)

Македонски



