
Утрово во Скопје починал Дејан Николовски долгодишен член и функционер на партијата СДСМ и екс владин советник.
Веста за загубата на Николовски ја соопштија од СДСМ од каде упатија телеграма со сочувство до семејството.
„Сочувство до семејството, роднините, пријателите на прерано починатиот наш другар и сопартиец, Дејан Николовски.
Загубивме голем другар, неуморен борец за социјалдемократијата и нашите вредности. Неговиот придонес во СДСМ ќе остане трајно во сеќавањата на сите нас. Нека почива во мир!“ се наведува во објавата на СДСМ.
Извор: Фокус

Македонски



