Skip to main content

НУБ „Св. Климент Охридски-Скопје“ организира свечено одбележување на Денот на македонскиот јазик

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски-Скопје“ организира свечено одбележување на 5 мај – Денот на македонскиот јазик, со цел афирмација и промоција на македонскиот јазик и писмо.

Настанот ќе се одржи денес со почеток во 12 часот, а ќе опфати поздравни обраќања од директорот Јовица Никчевски и д-р Ганка Цветанова, претседател на Советот за култура, како и пригодна порака од д-р Гоце Цветановски.

Во рамки на одбележувањето ќе биде поставена и изложба на уникатни изданија од фондот на НУБ, преку која посетителите ќе имаат можност да се запознаат со значајни дела од македонското книжевно и јазично наследство.

Настанот е отворен за јавноста и претставува можност за заедничко чествување на македонскиот јазик како темел на националниот идентитет и култура.

Поврзани вести