
Читачка средба за „Humankind: A Hopeful History“ од Rutger Bregman
5 мај (вторник) | 15:30
Во рамки на шесттата сезона на читачкиот клуб и програмската целина „Јас, другите и заедницата“, продолжуваме со дискусии за книги што ги преиспитуваат нашите односи и разбирањето на човечката природа.
Овојпат ја читаме „Humankind: A Hopeful History“ (2019), каде Брегман ја предизвикува идејата дека луѓето се по природа себични, нудејќи аргументи дека сме суштински кооперативни и склони кон добрина. Преку историски примери и истражувања, книгата отвора простор за поинакво размислување за општеството.
Средбата е отворена за сите – без разлика дали сте ја прочитале книгата или не.

Македонски



