Skip to main content

Пријава во полиција: Мојата малолетна ќерка две години е следена и полово вознемирувана од 39-годишен прилепчанец

Freepik

СВР Битола соопшти дека синоќа во 21:45 часот во ОВР Прилеп, 44-годишен прилепчанец пријавил дека неговата малолетна ќерка во период од околу две години била следена и полово вознемирувана од 39-годишен прилепчанец.

Според пријавата, осомничениот во текот на вчерашниот ден во продавница ја допирал по телото.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести