Skip to main content

Апелација: Повторно судење за поранешниот телохранител на Христијан Мицкоски – обвинет за одавање службена тајна

Freepik

Апелациониот суд во Скопје донесе одлука да го укине првостепеното решение и предметот против поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Самараков, да го врати на повторно судење.

Самараков претходно беше осуден на затворска казна од една година и шест месеци за кривично дело одавање службена тајна, но Апелација оцени дека постојат основи пресудата да биде поништена и постапката да започне одново.
Обвинетиот е полициски службеник од Шестата управа при МВР, задолжена за обезбедување на ВИП-личности, и во периодот на наводното дело бил дел од обезбедувањето на премиерот.

Според обвинението, на 30 март 2025 година, на паркинг пред хотел во Велес, Самараков како службено лице наводно му доставил доверливи документи на сведокот Благоја Коруновски, со цел тие да бидат објавени на социјалните мрежи. Обвинителството тврди дека мотивот бил користољубие, односно дека за возврат требало да добие 50.000 евра.
Обвинителката Ивана Трајчева во текот на постапката истакна дека и покрај минатото на сведокот, тоа не значи дека неговите искази не се веродостојни.


„Минатото на сведокот не е основ автоматски да не му се верува. Неговите тврдења се поткрепени со видео-докази кои се предложени во постапката“, посочи Трајчева.


Одбраната, пак, тврди дека станува збор за незаконско поттикнување на кривично дело, нагласувајќи дека токму Самараков во 2019 година го лишил од слобода Коруновски, кој тогаш бил во бегство повеќе од две години.
Со одлуката на Апелациониот суд, случајот се враќа пред првостепениот суд, каде што доказите и аргументите ќе бидат повторно разгледани.

Поврзани вести