Skip to main content

Битолскиот оркестар ДИВА на 21 мај со концерт во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

ЦК „Марко Цепенков“ подготвува нов музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА!

На 21 мај 2026 /четврток/ од 20.00 часот во голема сала од Центарот  публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска,  Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски.

Ве покануваме да бидете дел од вечерта полна со емоции, ритам и чиста музичка магија!Да

дојдете  на уште една незаборавна вечер и да ги доживеете најдобрите музички времиња!

П.с. Влезниците по цена од 500 денари на билетарницата од Центарот за култура се веќе пуштени во продажба и ќе се продаваат секој работен ден од 11.00 до 14.00 часот.