
Шампионската трка во швајцарското фудбалско првенство официјално заврши со историски триумф на Тун во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Елмин Растодер.
На три кола до крајот на првенството, Тун е првопласиран со 74 бодови, недостижни 11 повеќе од второпласираниот Сент Гален, кој попладнево загуби на домашен терен од Сион со 3-0.
За Тун ова е првата шампионска титула во 128-годишната историја на клубот, откако минатата сезона избори пласман во Супер лигата, по петгодишно отсуство.
Македонскиот репрезентативец Растодер даде голем придонес во освоената титула, постигнувајќи 13 голови, а додаде и шест асистенции.

Македонски


