Skip to main content

Гран при за македонскиот фолклорен ансамбл „Илинден“ на меѓународниот фестивал „Wawelskie Skarby“ во Краков

Македонскиот фолклорен ансамбл „Илинден“ освои Гран при на меѓународниот фестивал „Wawelskie Skarby“ што се одржа во Краков, Полска.
Од ансамблот информираат дека ова е втора година по ред како „Илинден“ освојува меѓународна награда, а годинава настапот бил крунисан со највисокото признание на фестивалот.
Во рамки на посетата, ансамблот добил и специјална покана да настапи во Кралскиот замок Вавел, едно од најпознатите историски места во Краков.
Од „Илинден“ посочуваат дека признанието е резултат на посветеноста на играорците, кореографите и целиот тим, како и на поддршката од родителите.

Поврзани вести