Skip to main content

Гран при за хорот „Балтепе“ од Тетово на фестивал во Будва

Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово ја освои главната награда (Гран при) на меѓународниот хорски фестивал „Свети Стефан“, кој се одржа од 15 до 19 август во црногорскиот град Будва.

Хорот, со кој раководи истакнатата хорска диригентка Јасмина Ѓорѓеска-Каро, постои неполна година, а ова му е второ признание, по освоената прва награда на меѓународниот фестивал „Астибо“ во Штип годинава.

Во Будва, во конкуренција со седум други хорови, „Балтепе“ во салата на хотелот „Сплендид“ се претстави со неколку дела од македонски композитори, запознавајќи ја црногорската публика, но и бројните туристи во приморскиот град, со богатата македонска музичка и хорска традиција. Покрај ова, хорот изведе и дела на регионални и светски автори, во придружба на Нена Волчевска на пијано, Глигор Кондовски на виолина и Тања Новаковиќ од Србија на хармоника, а енергичните настапи на тетовскиот ансамбл публиката ги поздрави со нескриено воодушевување.

Поврзани вести