Skip to main content

Ф1: Антонели од полпозицијата ќе стартува во Мајами, нов термин за трката поради можно невреме

Facebook

Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес) ја освои полпозицијата за Големата награда на Мајами, откако извозе најбрз круг во саботните квалификации (1:27,798 минути) за четвртата трка сезонава во Формула 1.

За Антонели, кој е лидер во генералниот пласман, ова е трет последователен успех во квалификациите.

На првиот ред ќе му се придружи четирикратниот светски првак Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), кој до таа позиција дојде во последниот квалификациски круг со 0,166 секунди зад времето на победникот.

Шарл Леклерк (Ферари) ја обезбеди третата стартна позиција (+0,345), а со него во истиот ред ќе биде актуелниот светски шампион Ландо Норис (Мекларен).

Трката за ГН на Мајами ќе стартува вечерва во 19 часот по македонско време, три часа порано од првично планираното поради опасност од обилни дождови и бури што ги најавија метеоролозите.

„Ја донесовме оваа одлука за да обезбедиме најдобра можна трка во најдобри можни услови и безбедност на возачите, навивачите и службените лица“, објави доцна синоќа Ф1. Во Флорида постои закон кој бара настанот да биде прекинат ако се слушнат грмотевици во радиус од 13 километри.

Поврзани вести