Skip to main content

Сирија главно се потпира на руска нафта и покрај вртењето кон Западот

mihai-👑-on-unsplash

Русија стана главен снабдувач на сурова нафта и нафтени производи за поранешна Сирија и ппкрај вртењето на земјата кон Западот, пишува „Ројтерс“.

Според пишувањето на агенцијата, руските залихи на нафта во земјата се зголемиле за 75% на приближно 60.000 барели дневно оваа година.

Официјален Дамаск има малку опции поради ограниченото домашно производство, слабата куповна моќ и исклучувањето од конвенционалните мрежи за поморски транспорт.

Сепак, ваквата трговија со нафта претставува ризик за односите со ЕУ и САД и го прави енергетскиот сектор на Сирија ранлив на обновените западни санкции.

Повеќето танкери што пренесуваат нафта од Русија се предмет на западни санкции, а претоварот од брод до брод се користи за прикривање на потеклото на товарот.

Поврзани вести