
Ќе ви надојде вода во устата кога ќе го почувствувате мирисот на овој леб со лук. Рецептот е исклучително едноставен и достапен, а погоден е и за луѓе без многу искуство во кујна. Со малку труд ќе добиете многу придобивки и ќе се воодушевите со вашата кулинарска умешност.
Ако ви се јаде леб со лук, нема да најдете подобар рецепт од овој. Одличен е и како прилог со месо на скара за првомајските дружби!
Состојки:
1 векна мек помал леб
150 г несолен путер
4 големи чешниња лук (ситно мелен, околу 2 лажици мелен)
пола лажиче сол
1 лажица сушени лушпи од магдонос
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете плех со алуминиумска фолија. Потоа, пресечете векна леб на пола и ставете ги парчињата, со пресечената страна нагоре, на подготвениот плех.
Се покажало дека тоа е најдобриот метод за премачкување на лебот, но по желба, секогаш можете да го пресечете лебот на парчиња, со тоа што ќе внимавате да не ги пресечете до крајот на векната, туку да останат споени на дното, за да не истече маринадата.
Стопете путер во мало тенџере на тивок оган. Кога ќе се стопи, додајте лук и тргнете го од оган. Оставете го лукот да се натопи во путерот околу 3 минути. Додајте сол и магдонос и промешајте да се соединат. Со лажица или четкичка за печиво, премачкајте ги пресечените страни на лебот со путерот од лук.
Печете 15 минути или додека заруменат краевите. За дополнителна крцкавост, ставете го под рерна на 2 до 3 минути, внимателно надгледувајќи го. Пресечете го и послужете го топол.

Македонски


