
СДС и Венко Филипче веќе не се ни трудат да кријат.Уште еден од “новите’’ лица и новата енергија на Филипче, Рубин Земон.Рубин Земон е поранешен пратеник од редовите на СДС, а денес член на Извршниот одбор на СДС, највисокиот орган во партијата,велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Или, деновиве познат во јавноста, како член на ИО на СДС кој изјави дека Гоце Делчев е небитна тема кога се зборува за историјата на државата.Член на Извршен одбор на СДС, Рубин Земон, лично поставен од Филипче јавно изјави дека расправата за македонскиот идентитет е непотребна, дека бугарскиот идентитет во Македонија треба да се либерализира, а за Гоце Делчев, без срам вели дека е мит, дека не напишал ништо, дека не извојувал ниедна битка.
Пред цела македонска јавност секој ден испорачуваат нови докази дека не им е гајле за Македонија, ни за македонскиот идентитет, ни за македонскиот народ. И воопшто не се срамат од тоа.
Член на Извршен одбор на СДС отворено ја релативизираше улогата на Гоце Делчев и се обиде да ја сведи на небитна тема. Од СДС нема реакција.
И не може да има реакција, кога лидерот на СДС изјавува дека е подготвен да ги спроведе уставните измени, без никаква гаранција дека тоа ќе биде последното барање на Бугарија на европскиот пат на Македонија.
Ова за Филипче е безусловна подготвеност, како да станува збор за некоја административна формалност, а не за идентитетот и иднината на Македонија и на македонскиот народ.
Значи, Рубин Земон би го избришал Гоце Делчев од историјата, а Венко Филипче ќе спроведе уставни измени, без услови, без гаранции и без никакви црвени линии.
Како може Филипче да зборува за национални интереси, а од друга страна да им дава легитимитет и високи партиски позиции на луѓе кои го негираат постоењето на македонскиот народ?

Македонски


