Skip to main content

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер во источните делови од југозападен, a во западните делови од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од три до девет, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m2). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.

Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

Поврзани вести