Skip to main content

Танц студиото „Зодијак“ ќе го одбележи Интернационалниот ден на танцот со концерт во „Марко Цепенков“

Танц студиото „Зодијак“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со целовечерен концерт во големата сала на 29 април (среда) во 20 часот ќе го одбележи 27 – от роденден од своето постоење, и ќе даде свој придонес во одбележувањето на интернационалниот ден на танцот 29 април.

Со танцов перформанс на сите учесници од најразлична возраст ќе се претстави студиото, а воедно ќе бидат прочитани и итернационалната порака за оваа година која ја напиша канадската кореографка Кристал Пајт, како и македонската порака напишана од првенецот балерина и истакнат солист при МНТ Зоица Пуровска Велевска. Режијата е на Кире Миладиноски. Како кореографи заеднички се потпишуваат Кире Миладиноски, Бисера Гаралоска и Марта Шаркоска – велат од „Зодијак“.
Играат: Софија Иваноска, Љубица Ангелеска, Лана Спиркоска, Милана Здравеска, Јована Ангелеска, Јана Чучуроска, Сара Камческа, Сара Иваноска, Исидора Митревска, Анисија Тренеска, Марија Стојаноски, Бисера Тренкоска, Неа Попоска, Марта Шаркоска и Бисера Гаралоска.

Дизајнот за промотивниот материјал и видео монтажата е на Петар Јошески, додека автор на промо видео спотот е од Љупчо Атанасоски.

Влезот е слободен, но заради протокол и безбедност на сите во салата ќе се сместуваат само лицата со влезници до ислопнување на капацитетот. Услугата е прв дојден прв услужен. Влезници ќе можат да се подигнат три часа пред почеток на настанот од блетарницата на ЦК „Марко Цепенков’.
Настанот кој што ќе биде празник за очи, е поддржан од Општина Прилеп.