
Националниот балет во периодот од 26 април до 11 мај 2026 година, ќе реализира меѓународна турнеја во Германија, Холандија и Белгија.
Пред публиката на реномирани европски сцени ќе бидат изведени балетските класици „Лебедово езеро“ и „Жизел“, дела што ја носат убавината, емоцијата и врвната уметничка изведба на нашиот ансамбл. Со ова гостување, Националниот балет продолжува достојно да ја претставува македонската култура на меѓународната сцена, потврдувајќи го својот уметнички квалитет и професионализам, велат од НОБ.
Настапите во Белгија, Холандија и Германија се резултат на долгогодишна работа, дисциплина и професионален пристап, а не на случајност или протоколарна љубезност.
Ова не е само културен успех, туку и можност за стратешко позиционирање на земјата како сериозен, модерен и доверлив партнер во Европа, додаваат од НОБ.

Македонски



