Skip to main content

Изложба „Експериментален цртеж“ на тема „Невидливи траги“ во Музеј на град Скопје

Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Музејот на град Скопје, на 28 април, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“, работена на тема „Невидливи траги“ каде со свои дела ќе се претстават 43 уметници, членови на ДЛУМ.

Ќе бидат изложени дела на:Јана Манева – Чупоска, Ицко Петрески, Соња Димитрова, Ивона Велковска, Ацо Таневски, Гоце Божурски, Слободан Милошески, Златко Глигоров, Ангел Димовски Чауш, Душан Георгиевски, Марина Коцарева Ранисављев, Марија Мицова Гацова, Елена Гелева, Зулејха Зубери Али, Христина Хаџиева, Ненад Тонкин, Стефан Јакимовски – Стеф, Константин Качев, Елена Николоска Цветковиќ, Ристо Мијаковски, Иво Пецов, Стефан Анчевски, Наташа Андонова, Дијана Томиќ Радевска, Јана Јакимовска, Мирјана Крстева Массетти, Ирена Паскали, Стефан Хаџи Николов, Марина Цветановска Мартиновска, Дејан Иванов Маргуш, Љупка Галазка Василев, Нина Богуновиќ, Ана Ивановска, Татјана Ристовска Керакамика, Тања Балаќ, Маја Рауник Кирков, Марија Чепишева, Стефан Младеновски, Валентина Илијевска, Јовица Мијалковиќ, Златко Хаџи Пецов, Перо Кованцалиеви Слободан Живковски.

Изложбата ќе ја отворат Проф.д-р. Јана Манева – Чупоска, претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, Проф.д-р.Маја Рауник Кирков претседател на Уметнички совет на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и Панче Велков, директор на Музеј на Град Скопје.

Поврзани вести