Skip to main content

Тоа беше лудо, масите се превртуваа, луѓе влегуваа со оружје, рече шефот на УФЦ за хаосот по пукањето

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, го опиша хаосот што настанал за време на пукањето во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржуваше традиционалната вечера со новинари, на која присуствувал и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според неговото сведоштво, во салата настанала паника, со превртени маси и вооружени лица кои се движеле низ просторот.

„Масите се превртуваа, луѓе влегуваа со оружје“, изјави Вајт, опишувајќи ги сцените во моментите на инцидентот.

Во својата реакција, тој употреби и вулгарен израз за да ја опише ситуацијата.

„Беше е*ено лудо“, изјави Вајт.

Инцидентот се случи за време на гала настанот, кога вооружен маж отвори оган во лобито на хотелот, по што безбедносните служби реагираа и го совладаа осомничениот.

Американскиот претседател Трамп беше итно евакуиран, а подоцна соопшти дека ранетиот агент на Тајната служба е во добра состојба и дека бил заштитен од панцирниот елек.

Истрагата за нападот продолжува, додека сведоштвата од присутните укажуваат на брза ескалација на ситуацијата и паника меѓу гостите.

Поврзани вести